Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 14.81 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 34.726 гласови, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 17.645 гласови.
Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.