Народот се дигна против власта на Заев.

Потврдена е новата реалност. Народот бара промени.

Тргна падот на Заев и неговата власт. А, народот победува.

Новата реалност значи дека Заев ја губи поддршката, а бројот во општините каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен.

Реалноста значи дека народот бара правда. Бара слобода, бара стандард, принципи и вредности.

Тоа се добрите моменти, бидејќи новиот квалитет во нашето општество е важен. А, власта е детронизирана.

Но ајде сега и за другата страна. Зошто оваа власт губи, зошто не знае да организира избори, со бројни обиди за манипулација на волјата на граѓаните. Мораме да потенцираме дека Власта денес воопшто не беше на висината на задачата во вториот круг.

Забележани се низа нерегуларности кои иницираат на изборен инженеринг од страна на власта. Овие нерегуларности не се ништо друго туку паника и страв на власта за своите фотелји, привилегии и власт кој народот им ги одзема.

Нашите индиции, нашите сомнежи говорат дека:

Има организирано гласање, семејно гласање, притисоци, закани и уцени, но индиции исто така за поткуп, злоупотреба на полицијата.

Во Тризла во Прилеп се случи организирано гласање, каде луѓе од СДСМ во текот на целиот ден собираа гласачи од нивните домови и ги носеа организирано на гласање. Постои и огромен сомнеж дека дел од овие луѓе се носени како резултат на закани, а голем дел како резултат на поткуп.

Ново Село каде имавме и локални избори беше буквално под полициска опсада. Оној партиски инструиран дел од полицијата кој не се придржува до професионалните стандарди целосно го запоседна Ново Село. Напната ситуација, приговори, суптилни закани за апсење на луѓе кои ги одбиваа наредбите на власта.

Во Битола беше присутно целокупното подземје на градот, осудени криминалци кои ги заплашуваа граѓаните да гласаат за власта. Се се знае, се знаат и регистарските броеви на автомобилите во кои се движеле овие луѓе, кои се тие лица секако. И знам дека јавноста ја интересираат детали, а институциите тоа треба да ги интересира многу, многу повеќе. Одговорот е Спасовски дека за ова знае највеќе.

Во Шуто Оризари имаме нескриен организиран превоз преку такси компанија на гласачи на власта.

Во Скопски Чаир имаме групно гласање на избирачко место во „6-ти Ноември“.

Вакви и слични појави има и на други места, Штип, Радовиш, Куманово и многу други. Сигурен сум дека на површина ќе излезат и брзите прсти кои ги имаше за време на референдумот, а веројатно ги има и денес.

Но, почитувани граѓани.

Денес народот победи. Првичните резултати пристигаат и очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ со најголем број на гласови. И сето ова е резултат на новата реалност, волјата на народот и сето она што потоа следува.

И во ваква една ситуација се освен победа на професорката Сиљановска ќе фрли темни дамки и сериозни основи за изборен инженеринг, реализиран со притисоци, закани и поткуп.

Ова за нас е битка за правда, принципи и вредности. Ние веруваме во тоа цврсто и непоколебливо. И ќе победиме! ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата. Падот на Заев почна и ќе падне за брзо.

Ќе победиме затоа што Македонија е во прашање и затоа што ова е битката на нашите животи.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 20:24