Централниот изборен штаб на Демократската партија на Албанците им се заблагодари на сите активисти и симпатизери за напорите и ангажманот што ги дадоа во вториот круг од претседателските избори.

-Оддаваме посебна благодарност до сите Албанци кои учествуваа на изборите и придонесоа за избор на претседател на Северна Македонија, изјави вечерва на прес конференција во Тетово, портпаролот на изборниот штаб на ДПА Луан Треси.

Врз основа на податоците со кои располага партијата, заедничкиот владин кандидат Стево Пендаровски води убедливо, наспроти кандидатката Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сојузници.

Со победата на заедничкиот владин кандидат се заокружува процесот на зачленување на земјата во НАТО, со што се дава и удар врз обидите за влијаније на руската политика во овој регион, истакна Треси на прес конференцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 22:25