Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат првичните резултати од денешниот втор круг на претседателските избори.

По преброени 99,92 отсто од гласовите Пендаровски освоил 51,70 проценти или 432.728 гласа, а неговиот противкандидат Гордана Силјановска Давкова 44,70 отсто или 374.131 гласови.

Неважечки ливчиња се 30.197 или 3,61 отсто.

На обработените избирачки места денеска гласале 814.495 граѓани, односно имало одзив од 46,42 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 22:45