Некогашната тинејџерска ѕвезда Зак Ефрон, тешко кој би можел да го замисли во улога на еден од најнеславните сериски убијци во американската историја, Тед Банди. Но, режисерот Џо Берлингер истакна дека глумецот бил прв и единствен избор за неговиот најнов филм „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“.

– Тоа ми беше исклучително важно. Филмов не е документарец, но историските факти мора да бидат точно претставени, изјави режисерот.

Филмот е во продукција на Нетфликс, и се заснова на книгата „Принцот фантом: Мојот живот со Тед Банди“ („The Phantom Prince: My Life With Ted Bundy”).

Филмот веќе ја имаше својата премиера минатата седмица и првичната оценка на ИМДБ е 6,7 / 10.

Џо Берлингер e aвтор и на документарецот „Разговори со еден убиец“ каде што се прикажни снимените признанија на Банди.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2019 16:41