Древната кинеска мудрост е позната ширум светот, барем за оние кои претпочитаат да водат живот врз здрави начела и принципи. Некои од поговорките се попознати, некои помалку познати, но да спомнеме некои од нив.

И скромната среќа е, исто така, среќа. Подобро колиба од слама во која сите се смеат од срце, отколку палата од мермер во којашто сите плачат!

Ако си трпелив во еден миг на лутина, ќе избегнеш сто дена тага.

Паметeн човек ќе дознае десет работи, а ќе поверува во една; будалата ќе дознае една работа, а ќе верува дека знае десет.

Оној кој гаѓа само во целта, ќе промаши сè друго.

Ако сакаш да престанеш да пиеш, набљудувај пијаница кога си трезен.

Внимавајте што посакувате… Може да се оствари.

Чистата совест не се плаши од ноќните звуци.

Човекот кој може да ги победи другите, е силен. Човекот кој ќе се победи себеси е – семоќен.

Детскиот живот е како парче хартија на којашто секој остава по некоја белешка.

Дајте му на човекот риба – ќе го нахраните за цел ден. Научете го да лови риба – ќе го нахраните за цел живот.

Ден без смеа е изгубен ден.

И кога илјада луѓе веруваат во глупост, тоа и натаму останува глупост.

Ако долго живеат заедно, животните се засакуваат, а луѓето се замразуваат.

Една радост покренува стотина грижи.

Штом се запознаеме со болеста, поблиску сме до оздравувањето.

Кој има многу пари, а нема деца, не е богат. Кој има многу деца а нема пари, не е сиромав.

Не се соборува секое дрво со првиот удар.

Ако знаеме дека сме направиле зло, а одбиваме да признаеме, вината е двојна.

Оној кој ќе праша, испаѓа будала пет минути, но оној којшто не прашува, останува будала цел живот.

Патот од илјада километри почнува со еден чекор.

Раната зададена од пријател – никогаш не заздравува.

Кога една врата се затвора, друга се отвора.

Солзите коишто синот ѝ ги нанел на својата мајка, единствено тој може да ги исуши.

Кој е способен да се вцрвени во образите, тој не може да биде со црно срце.

Во миговите на успех, не заборавај ги и своите неуспеси.

Големата среќа доаѓа од небото; малата среќа доаѓа од човекот.

Знаењето е богатсво кое својот сопственик секаде го следи.

Полесно е да се премости голема река, отколку да се промени нејзиниот нарав.

На оној кој знае да чека, времето му е отвора врата.

Кој има сила, зема со сила, тој што нема сила, зема со умот.

Не плаши се од бавниот напредок, туку од стоењето в место.

Лудост е да ја правиш истата работа повеќепати, а да очекуваш поинаков исход!

Не говори за својот успех пред личност која не успеала.

Само со туѓи очи може да се видат сопствените маани.

Личноста која ги сака другите, е и личност која другите ја сакаат.

Ден без работа е како ден без јадење.

Среќата доаѓа во куќа каде што се слуша смеа.

Кога луѓето зборуваат за иднината, боговите се смејат.

Збогати го својот дух, олесни му на своето срце, одмори го својот јазик, измори ги своите раце. Полека јади и бргу спиј – во тоа е сета мудрост.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2019 18:34