Ворнер Брос го најави новиот „Бетмен“ филм кој ќе излезе 2021 година, но без Бен Афлек во главната улога. Според „Варајети“, него најверојатно ќе го замени Роберт Патинсон, најпознат по филмовите „Самрак“.

Режисерската палка ќе му припадне на Мата Ривс, а се очекува снимањето на филмот да почне во ноември.

И самиот Афлек, од кого Ривс ја презеде должноста, на Твитер објави дека е „возбуден поради новиот филм и едвај чека да ја види визијата“ на неговиот наследник како режисер.

Ако се потврди ангажманот на Патинсон (33), тој ќе биде вториот најмлад глумец кој го одиграл Бетмен на големото платно. Кристијан Бејл имаше 31 година кога „Бетмен: Почетоци“ беше премиерно прикажан 2005 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2019 19:05