Златната палма 2019 ја доби филмот „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху јавува дописникот на МИА.
Златната палма ја додели француската актерка Катрин Денев, заедно со претседателот на жирито Алехандро Гонзалес Ињариту.
Минатата година Златната палма ја доби „Една семејна афера“ на јапонскиот режисер Хироказу Коре-Еда.
Мати Диоп ја доби Големата награда за нејзиниот филм „Атлантик“.
Наградата за најдобар актер ја доби Антонио Бандерас, за неговата улога во Додор и Глорија на Педро Алмодовар.
Минатата година, наградата му припадна на италијанскиот актер Матео Гароне за неговата улога во Догман на Марчело Фонте.
Наградата за најдобрата актерка на Канскиот филмски фестивал и беше доделена на англо-американската Емили Бихам за нејзината улога во Малиот Џо,.
Во 2018 година, наградата и припадна на младата казахстанска актерка Самал Јесиамова за нејзиниот настап во Ајка, филм на Сергеј Дворцевој.
Наградата на жирито ја доби филмот „Бедници“ на Ла Ли и Клебер Мендпнса Филихо и Жулиано Дорнелес, јавува дописникот на МИА.
Златната камера во 2019 на Канскиот филмски фестивал ја доби Цезар Дијаз за Нашите мајки. Минатата година, со оваа награда беше крунисан филмот Девојка, филм во режија на Лукас Донт во селкцијата извесен поглед.
Наградата за режија ја добија браќата Жан-Пјер и Лук Дарден за филмот во Малиот Ахмед. Минатата година, наградата му беше доделена на Павел Павликовски за неговиот филм Студената војна. Полскиот режисер оваа година е еден од членовите на жирито со кој претседава Алехандро Гонзалес Ињариту.