Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, денеска изјави дека на наследникот на премиерката Тереза Меј ќе му биде тешко да ја заобиколи волјата на парламентот и да ја изведе Велика Британија надвор од Европската унија без да постигне договор.

Неколку кандидати за наследник на премиерката рекоа дека Велика Британија мора да ја напушти Унијата на 31 октомври, со или без договор.

Парламентот секој пат гласаше против брегзит без договор, а Хамонд верува дека Британија најверојатно нема да ја напушти Унијата без договор.

Хамонд во изјавата за Би-Би-Си вели дека парламентот „жестоко ќе се спротистави” на стратегијата за напуштање без договор, додавајќи дека тој лично не ја поддржува таквата стратегија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2019 14:38