Нетфликс ќе снима ТВ серија заснована на бестселерот „Паранормално“ на покојниот египетски писател Ахмед Калед Тофик.

Арапската хорор-драма е сместена во Египет во 1960-тите и ги следи натприродните авантури на д-р Рефаат Исмаил.

Книгата досега е продадена во тираж од 15 милиони копии.

Серијата ќе ја продуцираат Египќаните Мохамед Хефзи и Амр Салама, кој во своето си-ви има и номинација за „Оскар“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 13:57