Веќе поранешен спортски директор на Милан, Леонардо го следеше примерот на Џенаро Гатузо и го напушти клубот. Веста беше објавена на официјалната страница на „росонерите“, откако раководството на клубот ја прифатило оставка на Бразилецот.
Милан му се заблагодари на Леонардо за неговиот придонес во развојот на проектот, што го следи клубот.
„Росонерите“ му посакаа успех на својот поранешен играч во својата идна работа.
– Леонардо се врати во Милан во момент на потреба, неколку недели пред да затвори трансфер прозорецот. И покрај тешките околности, тој го даде своето срце за менаџирање на клубот, давајќи му ја сета своја енергија и амбиција на тимот. Благодарен сум на Леонардо за она што го направи за нашиот голем клуб. Му посакувам се најдобро, изјави Милан Газидис, административниот директор на гигантот од Милано.