Напаѓачот на Рома, Един Џеко е пред трансфер во Интер. Според „Кориере дело Спорт“, клубот постигнал договор со 33-годишниот босански репрезентативец за тригодишен договор. Платата на играчот ќе изнесува 4 милиони евра годишно.
Рома се подготвени да го продадат Џеко за 20 милиони евра, но Интер очекува да ја намали цената. За потписот на играчот, исто така, претендираат и Вест Хем, Фенербахче и Пари Сен Жермен.
Минатата сезона, Џеко забележа 40 натпревари за Рома, постигна 14 гола и даде 8 асистенции