Финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе започне со минута молчење поради смртта на Хозе Антонио Рејес, кој почина во сообраќајна несреќа, објави пресс-службата на УЕФА.

Фудбалерот денс го загуби животот на 35 годишна возраст.

Рејес играше за Севиља, Реал, Арсенал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и други клубови. Имаше и 22 настапи за репрезентацијата на Шпанија и четири постигнати гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 16:19