Најдобриот фудбалер на Фиорентина Федерико Кјеза ги договорил личните услови за трансфер во Јувентус, иако клубот од Фиренца не планира да го пушти ова лето.
– Не сум разговарал со Фиорентина, сега размислувам само за репрезентацијата, рече репрезентативецот на Италија, пред гостувањето на „азурите“ во Грција и квалификацискиот натпревар против БиХ во Торино.
Иако пред само два дена „виолетовите“ соопштија дека Кјеза и следната сезона ќе игра за Фиорентина, медиумите во Италија пишуваат дека наводно 21-годишниот напаѓач веќе склучил договор со италијанскиот шампион за 25 милиони евра, односно пет милиони по сезона.
Кјеза игра за Фиорентина од 2016 година, а со неговите одлични игри го привлекол вниманието на големите клубови, а покрај Јуве за него се заинтересирал и Интер.