Три лица од Струшко добија кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и со безготовински картичка полнеле гориво во сопствените возила.

СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против Р.И.(49), од селото Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.

– Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2019 15:09