Човекот кој стои зад дизајнот на Ајфон, Ајмак и Ајпад ја напушта компанијата.

Главниот директор за дизајн Џони Ајв заминува по повеќе од две децении во Епл за да почне своја сопствена компанија за дизајн. Од Епл соопштија дека ќе бидат клиенти на неговата нова компанија.

Не е посочено во соопштение од Епл за датумот која Ајв ќе замине од компанијата. Ајв е во Епл од 1992 година како дизајнер.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 09:57