Тиркизното езеро кај Новосибирск, кое е сè попопуларно меѓу туристите и „инстаграмџиите“ кои обожаваат „селфи“, има една мрачна тајна: тоа својата убава боја ја добива од отпадот од околните електрани.

Езерото со својата „волшебна боја“ е честа дестинација за „инфлуенсерите“ од цел свет, но таа боја всушност се добива од калциум-хлоридот и други метални оксиди од отпадот.

Руската енергетска компанија што управува со објектите, упати повик – луѓето да не се приближуваат до водата. Една корисничка на Инстаграм, откако дознала за ова, објави фотографија од себе на брегот на езерото, со натпис: „Не е Чернобил, но сепак, е опасно.”

Лео Алексеј, кој покрена своја Инстаграм-страница посветена на „селфито“, за Би-Би-Си рече дека го посетил езерото четири пати, но не влегол во водата, туку само „стоел до неа и гледал”.

– Не е препорачливо да се допира ​​водата, оти може да предизвика алергија, изјави тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2019 14:19