„Топ Ган“ се врати. Актерот Том Круз ненадејно се појави на Комик-Кон за да го прикаже првиот инсерт од долгоочекуваното продолжение на овој акционен филм.
„Топ Ган: Маверик“ треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а во него ќе се врати темпераментниот воен пилот по повеќе од 30 години од изворниот филм, кој го претвори американскиот глумец во светска ѕвезда.
– Постојано ме прашуваат: Кога ќе снимиш втор? Бевте многу трпеливи и чувствував дека е моја одговорност тоа да го исполнам, истакна Круз пред обожавателите на Комик-Кон, каде се собираат љубители на филмови, телевизија и книги во Сан Диего.
Продолжението на филмот следува повеќе дестици години од оригиналниот филм во 1986 година и во него се појавуваат глумците Мајлс Телер, како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежбите во првиот филм, како и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на „Ајсмен“, соперникот на Маверик.