Најмалку 17 лица загинаа денеска откако се урна авион на пакистанската армија во станбен реон во градот Равалпинди.

Меѓу загинатите се двајца пилоти, тројца членови на екипаж и 10 цивили. Дванаесет луѓе се повредени.

Откако се урнал авионот во реонот на трговскиот комплекс „Раби центар“ избувнал голем пожар што зафатил и неколку куќи. Авионот извршувал тренинг-лет и засега причината за уривањето е непозната.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 10:27