Родители на 13-годишно девојче од Неготино пријавиле во СВР Велес дека нивната 13-годишна ќерка била сексуално вознемирувана од малолетници.

-На 5 јули 2019 на Градскиот базен во Неготино двајца малолетници на 15-годишна возраст нападнале 13-годишно девојче од Неготино и ја пипкале по телото. Целиот настан е снимен од малолетник со мобилен телефон, кој потоа снимката ја праќа на други лица. Родителите на девојчето случајот го пријавиле на 25 јули 2019 во полициска станица, изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи, адвокат и родителите, извршен бил разговар со малолетниците и одземени им се мобилните телефони за вештачење. По дадените наредби од Основното Јавно Обвинителство – Велес, се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 14:21