Апелацискиот суд во Британија го отфрли денеска обидот на авиокомпанијата „Бритиш Ервејз“ да го спречи најавениот штрајк на своите пилоти, соопшти синдикатот на пилотите.

Судот денеска со право го отфрли обидот на „Бритиш Ервејз“ да ја забрани таквата акција врз основа на техникалии, изјави генералниот секретар на Синдикатот на пилоти БАЛПА, Брајан Стратон.

– БАЛПА сака тоа прашање да го реши со преговори, па не објавуваме датуми за штрајкот. Наместо тоа побаравме од „Бритиш Ервејз“ натамошни разговори и тие се договорија денеска и до крајот на неделата да се состануваме во последен обид овој спор да се реши со преговори, нагласи Стратон.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 15:47