Пожарите што со денови беснеат во рускиот регион Јакутија се проширија на повеќе од 1,2 милиони хектари, нагласено е на веб-страницата на регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни ситуации.

„Вкупно 123 пожари зафатија површина од 1.215.960 хектари“, се наведува во соопштение. Досега се изгаснати 17 пожари во девет области и три се локализирани, додека 106 се активни.

Најтешка состојба е на север на регионот, поради што се преземени превентивни мерки.

Во регионот Краснојарск, пожарите зафатија еден милион и 109 илјади хектари, што е повеќе отколку во четвртокот кога гореа 1,09 милиони хектари.

Во гаснењето на 129 пожари се вклучени 734 лица со 43 парчиња опрема, а заклучно со вчерашниот ден, армијата помагала со 10 авиони ИЛ-76 и 10 воено-транспортни хеликоптери.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2019 12:28