Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе започнат со примена на нови царини од 10 отсто на производи од Кина од 1 септември, во вредност од околу 300 милијарди американски долари.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека преговорите што се одржуваат во моментот, ќе продолжат.

Тој, сепак, ја обвини Кина дека не презема чекори за прекин на продажба на фентанил во САД или набавка на земјоделски производи во големи количини.

САД веќе применија царини од 25 отсто на кинески стоки во вредност од 250 милијарди американски долари.

Кина одговори со воведување тарифи за американски стоки вредни 110 милијарди американски долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2019 12:30