Тотенхем објави две нови засилувања на последниот ден од трансфер прозорецот во Англија.

„Петлите“ го промовираа играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо од Бетис. Договорот е за едногодишен заем со задолжителна опција за откуп. Играчот ќе го носи дресот со број 18.

Иако не ги привлекоа Пауло Дибала од Јувентус и Филипе Кутињо од Барселона, Тотенхем сепак го засилија средниот ред.

Веднаш потоа тие го објавија и вториот трансфер. Се работи за 19-годишниот лев бек Рајан Сесењон, кој пристигна од Фулам. Во спротивна насока оди 22-годишниот играч од средниот ред Џош Онома. Трансферот се проценува на 25 милиони фунти.

И покрај неговата кревка возраст, Сесењон има 120 натпревари со 25 гола за Фулам.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2019 10:46