Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин вети денеска дека доколку дојде на власт, ќе закаже референдум за членството на Велика Британија во Европската унија. Сепак, тој одби да каже каква кампања ќе води.
– Ние сме единствената партија која предлага изборот да го направат луѓето, изјави Корбин и додаде дека има избор помеѓу напуштање согласно договорот за Брегзит или останување во заедницата. Луѓето во оваа земја ја носат конечната одлука. Изборот им го нудиме на луѓето, рече Корбин.
Тој вети дека ќе ја почитува одлуката на британските гласачи.