Вечното дерби во Српскиот шампионат помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда, овој пат им припадна на фудбалерите во црно-бели дресови. Во рамки на деветтото коло од српската супер лига, Партизан ја совлада Ѕвезда со 2:0 со головите на Шума во 83-та минута и Тошиќ во самиот финиш на натпреварот.

Иако Партизан прокнижи 3 бода од овој тежок натпревар, не успеа да се искачи на лидерското место на табелата но успеа разликата помеѓу нив и нивниот најголем ривал да ја намали на само еден бод.

Иако партизановци покажаа подобра игра, црвено-белите со разочарување ја напуштија „Хумска“ но и со многу коментари за главниот судија на натпреварот кој, според нив, им поништил чист гол а ги во последните неколку минути ги остави и со играч помалку откако црвен картон доби Милош Вулиќ.

„161“-то дерби помина без поголеми инциденти меѓу гробарите и делиите а натпреварот беше прекинат на неколку минути поради навредлив транспарент поставен на една од трибините против претседателот на фудбалскиот сојуз на Србија Славиша Кокез.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2019 02:10