Индустриското производство во август бележи пораст од 9,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, пораст е забележан во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 47,9 проценти и во Преработувачката индустрија за 4,5 проценти, а опаѓање од 1,4 проценти има во секторот Рударство и вадење камен.

Според главните индустриски групи, во август пораст има кај Енергија за 39,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти, Капитални производи за 14 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 25,4 проценти, а опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.

Пораст од 5,5 проценти е забележан и за периодот јануари – август во однос на првите осум месеци лани.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2019 13:18