Роберт де Ниро и Ал Пачино досега глумеле заедно во четири филма, меѓу кои и последниот проект на Нетфликс – „Ирецот“ (The Irishman).

Другите три се „Кум 2“ (The Godfather: Part II) од 1974 година, „Жештина“ (Heat) од 1995. и „Праведно убиство“ (Righteous Kill), филм што излезе 2008 година. Токму за последниов наведен филм, во нивното неодамнешно заедничко интервју за „Варајети“, Де Ниро истакна дека жали што воопшто бил снимен.

– Тогаш и нему му реков: Следниот пат ќе направиме филм по наш вкус, рече Де Ниро во интервјуто.

Филмот „Праведно убиство“ не мина добро ни кај критичарите, ниту кај публиката.

„Ирецот“ својата премиера ја имаше минатата седмица и засега оценката на ИМДБ гласи 8,5/10.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 15:21