Безбедносната компанија „Keeper”, анализирајќи 10 милиони веб адреси во светот дојде до откритие на најпопуларната лозинка која ја користат луѓето.
Тоа е шифрата „123456”.
Од „Keeper” наведуваат дека се работи за „најнебезбедна веб лозинка”, а која најмногу се користела минатата година.
По „123456”, втора најпопуларна лозинка е „123456789”, потоа „qwerty”, на четврто место најмногу се користи „12345678”, а на петто „111111”.
Меѓу најкористените шифри е и зборот „password” (лозинка) и „google”.
„Ова се фрапантни факти, поради тоа што постојано сме на ризик од хакерски напади кои можат да ги декодираат лозинките во секунда. Веб-операторите, кои дозволуваат вакви небезбедни шифри се или безобѕирни или мрзеливи. Многу лозинки во себе имаат најмалку шест карактери што е многу небезбедно” – се наведува во соопштението на „Keeper”.