Крвна група О

Луѓето кои имаат крвна група О имаат двојно поголеми шанси да привлечат одредени видови комарци за разлика од луѓето со други крвни групи, откри студија од Japan’s Institue of Pest Control Technology.

Овие луѓе исто така тешко го поднесуваат стресот бидејќи кај нив хормонот кортизол подолго се задржува во организмот. Како последица на тој факт може да дојде до предвремено стареење и нагли напади на желба за брза храна. Луѓето со крвна група О се срдечни,дружељубиви и отворени

Крвна група А

Весникот Neuropsychobiology објави дека луѓето со крвна група А имаат поголеми склоности кон опсесивни пореметувања.

Иако се уште не е јасна врската помеѓу ова однесување и крвната група јапонските истражувачи докажаче дека крвната група А е најупорна,односно дека овие луѓе се спремни да преземат се што е потребно, без разлика на личната фрустрација или замор при одредени проблеми. Ги краси интелигенција,ненаметливост и лојалност

Крвна група Б

Јапонските истражувачи откриле дека луѓето со оваа крвна група се многу креативни,стравствени и снажни. Од друга страна знаат да бидат и себични и непредвидливи. Истражувањето за оваа крвна група било посебен предизвик за јапонските истражувачи бидејќи откриле многу контрадикторности

Крвна група АБ

Крвната група АБ го зголемува ризикот од пореметување на помнењето, покажало истражувањето објавено во магазинот Neurology.Според истражувањата луѓето со оваа крвна група имаат потешкотии во процесот на помнење и учење во третото животно доба. Станува збор за емпатични личности кои се прилагодуваат лесно на различни ситуации без да ја изгубат индивидуалноста



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 02:17