Продукциската куќа Лајонсгејт најави „женско продолжение“ на филмскиот акционен хит-серијал „Џон Вик“. Режисерската палка му припадна на Лен Вајсмен.
Во оригиналните три дела, главната улога ја имаше Кијану Ривс.
Четвртиот филм е насловен „Балерина“. Познато е и дека сценариото ќе го пишува Шеј Хатен.
Проектот е во претпродукција и не се откриваат повеќе подробности.