Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предмалку на Твитер објави дека турската војска ја почнала воената операција на северот од Сирија.

Како што наведе, воената операција го носи името „ Извор на мирот“ (“Barış Pınarı”, односно “Peace Spring”), пренесуваат агенциите.

Претходно денеска курдските сили и две сириски групи активисти објавија дека екстремистите од Исламска држава рано утринава изведоа напад врз Рака, на северот од Сирија.

Локалните власти предводени од Курдите повикаа на општа мобилизација

Весникот „Дејли Сабах“ акцијата ја опишува како антитерористичка.

-Турските вооружени сили заедно со Сириската национална армија почнаа акција против терористичката организација ПКК/СЗН и Исламска држава на северот од Сирија. Нашата цел е да го уништиме терористичкиот коридор што се обидуваат да го воспостават на нашата јужна граница и ние ќе го донесеме мирот во регионот, напиша Ердоган на Твитер.

Со операцијата „Извор на мирот“ ние ќе ја отстраниме заканата од тероризам. Благодарение на безбедносната зона која ќе ја воспоставиме, ќе обезбедиме враќање на сириските бегалци во нивната земја. Ќе го заштитиме тероторијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме жителите на регионот од канџите на теророт, напиша Ердоган на својот профил на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 20:31