Зијадин Села претседателот на Алијансата за Албанците при гостување во телевизска дебата истакна дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со најавата дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер.

Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста. Случајот Рекет има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на Рекет е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент“, вели Села.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 23:55