Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја повика денеска Турција да ја прекине едностраната воена акција во североисточниот дел на Сирија.

– ЕУ го повторува својот став дека решението за сирискиот конфликт не може да се постигне по воен пат, истакна Могерини.

Таа смета дека обновените оружени непријателства во североисточниот дел на Сирија дополнително ќе ја поткопаат стабилноста на целиот регион, ќе го влошат страдањето на цивилите и ќе предизвикаат натамошни раселување.

– Едностраното дејствување на Турција му се заканува на напредоко,т кој Глобалната коалиција, чиј член е Турција, го постигна во поразот на Исламската Република, нагласи високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Могерини уште еднаш ја повтори поддршката на ЕУ за суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2019 01:05