Роберт Форстер, актерот номиниран за Оскар, за улогата на Макс Чери од филмот на Тарантино „Џеки Браун“ почина на 78-годишна возраст.

Форстер почина вчера, во неговиот дом во Лос Анџелес, по кратка борба со карцином на мозокот.

Американскиот актер глумеше во повеќе од 110 филмови и во десетици телевизиски серии, вклучувајќи Твин Пикс, Херои, Чиста хемија (Брејкин Бед).



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2019 15:22