Кога се чуствувате изнемоштени и уморни а сеуште обврските не ви се завршени, пробајте некој од следниве намирници кои ќе ви помогнат да ја повратите енергијата. Далеку подобра варијанта за враќање на енергијата се овие природни продукти отколку енергетските пијалоци.

Спанаќ

Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамини К (за коски), лутеин ( за очи), а некои истражувања покажаа дека помага и на мускулите за време на вежбање. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве “подигне” кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага при произведување на карнитин, кој маснотиите ги претвора во енергија. Една чаша сок од портокал плус малку овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагода) и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште едно магично овошје полно со хранлив материи. Бананата ви дава енергија и ве одржува стабилни вас и нивото на шеќер во крвта.

Јајца

Протеините од јајцата особено оние од белките, помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата

Грчки јогурт

Кремаст десерт кој ќе ви пружи двојно повеќе пртеини од обичниот јогурт, што ќе ви помогне да го одржите нивото на енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 12:13