Тетовскиот театар во среда пред публиката ќе се претстави со втората премиера за 2019 година со изведбата на претставата „Бидерман и потпалувачите на огнови“. Претставата ќе биде одиграна во салата на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово со почеток во 19 часот.

-„Бидерман и потпалувачите на огнови“ е трагикомедија од швајцарскиот драматург Макс Фриш. Се надевам дека ќе реализираме претстава на најдобар можен начин бидејќи има интересни елементи, не е само пораката, туку пропратни делови како говорот на уметниците, хорот со улога да ги поврзе актерите и публиката, изјави режисерот Мехмет Џелили на денешната најавна прес конференција.

Сценографијата е на Бетим Зеќири, костимографијата на Едлира Ѓишка, додека актерска екипа ја сочинуваат 13 членови. Претставата ќе се изведува на албански јазик. Реприза ќе има во петок 18 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 14:12