По повод одбележувањето на Светскиот ден на гладот, Скопје Мериот хотел и Црвениот Крст на Република Македонија се обединуваат во борбата против гладот со собирање донации. На 16ти октомври, во среда, во период од 10:00 до 15:00 часот, во непосредна близина на хотелот ќе биде поставен штанд каде граѓаните ќе може да ги достават своите донации.

Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата се наменети за обезбедување храна за помош на лица во социјален ризик. Собраните средства од донациите на граѓаните и компаниите понатаму, Црвениот крст на Република Македонија ќе ги селектира во пакети со храна кои општинските организации на Црвен крст ќе ги дистрибуираат до социјално загрозените семејства.

Црвен крст на Република Македонија секоја година е дел од глобалните акции за борбата против гладот со организирање на кампања „Помислете и на нас“, која се спроведува преку сите општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје. Скопје Мериот хотел преку својата програма Take Care ги поттикнува и инволвира и своите вработени кои ја поддржуваат секоја општествено одговорна иницијатива и грижа за заедницата и граѓаните.

Во нашата земја, според официјални податоци на Државниот завод за статистика, стапката на сиромашни лица изнесува 22,2 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 9.0%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7%.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 14:31