Физичко лице од земјава, чиј идентитет не се открива, прикажал договор за преземање на БМЈ и 1ТВ, пренесува Телевизија Сител.

При завршните разговори со УЈП изјавил дека сака да ги преземе долговите на фирмите.

Договорот кој го прикажал не е заверен кај нотар, а според истиот лицето без надомест ќе ги презема фирмите.

По контролата на четирите фирми БМЈ Медиа груп, 1ТВ, Меѓународен сојуз и Томато УЈП ќе поднесе три кривични пријави, освен за 1ТВ.

Од контролите кои траеа цел месец УЈП утврдиле дека станува збор за неплатени долгови од сума од 20 милиони денари по основ на ДДВ, данок на добивка и персонален данок.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 14:39