Каталонскиот лидер Квим Тора денеска изјави дека неговата Влада ќе продолжи да го брани правото на самоопределување на Каталонија.

Тој на прес-конференција за странски медиуми наведе дека вчерашната пресуда на Врховниот суд ги ограничува различните права за кои претходно се мислеше дека се загарантирани.

– Мораме да продолжиме да го брани правото на Каталонија за самоопределување. Референдумот е најпозитивно решение за излез од оваа ситуација, истакна Тора.

Врховниот суд на Шпанија вчера осуди девет каталонски сепаратисти на затворска казна од девет до 13 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 15:15