Советот за безбедност на Обединети нации најверојатно утре ќе расправа за турската воена операција во Сирија.

Новата седница ќе биде на барање на Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска односно европските земји членки во СБ на ОН.

Неименувани дипломати истакнаа дека разговорите ќе се одржат зад затворени врати.

Тоа ќе биде втор состанок на СБ на ОН од почетокот на турската воена офанзива во северна Сирија, што почна на 9 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 00:14