Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за порталот лидер, истакна дека ситуацијата со датумот за преговори долго време им е најавувана на македонските функционери. Како што истакна Николоски, македонската влада, со својата неспособност испуштила огромна шанса да обезбеди услови за подобар живот на граѓаните.

– Воопшто не сум среќен што моите прогнози се покажаа како точни. Јас и кога ги давав кажував дека не сум среќен што проценките се такви, но за жал тоа е реалноста. Вистината е дека е дека корумпираната и неспособна влада предводена од Зоран Заев прошушти сериозна шанса државава да се придвижи напред кон членство во Европската Унија и кон подобар живот на граѓаните – изјави Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 00:42