Во интервју за порталот лидер, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека при средба со еден министер за европски прашања од голема европска држава му било кажано дека владата на СДСМ и Заев не бара од Европската унија раздвојување на пакетот на Македонија од истиот пакет со Република Албанија.

-Во петокот имав состанок со еден министер за европски прашања на една од најголемите држави во Европската унија и со тој истиот човек Бујар Османи имаше средба. Го прашав директно што мислите за раздвојување на Македонија и Албанија за почеток на преговорите, рече нашата држава е против. Јас му велам добро дали било кој од македонската влада побара од вас раздвојување, ми одговори не, вели потпретседателот Николоски .

Тој смета дека доколку Владата на СДСМ била паметна влада ќе лобирала цела година во европските држави и ќе барала одвојување од истиот пакет со Албанија, додавајќи дека само поради не спроведување на реформи, криминалот и корупцијата Македонија се наоѓа тука каде што е во моментот.

- Кога лани се создаде групата со Албанија и кога Македонија и покрај тоа што Заев потпиша на 17 јуни промена на име, веќе на 29 јуни Европската унија му кажа нема датум за преговори, паметна влада тие година дена ќе ги искористеше во лобирање, од авион немаше да се симне од главен град во главен град да бара државата да се одвои и да бара листа што треба реформи да направи за оваа година да добие датум. Но, наместо тоа тие останаа да се корумпираат дома и да бараат милиони евра и затоа сме овде каде што сме, нагласи Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 00:44