Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше во посета на Обединетите Арапски Емирати за време на која двете земји потпишаа договор вреден 1,4 милијарди долари.

– Инвестициите ќе бидат направени во областа на петрохемијата, транспортот и медицината. Проектите вредат околу 1,4 милијарди американски долари и опфаќаат широк спектар на различни индустриски гранки, рече Путин на средбата со бизнисмени од двете земји.

Путин рече дека Москва ја поздравува инвестицијата на Обединетите Арапски Емирати во руската економија и потсети дека Фондот Мубадала Емирејт е еден од првите партнери на Рускиот фонд за директни инвестиции и дека тие веќе имаат спроведено повеќе од 45 проекти во вредност од 2,3 милијарди американски долари.

– Враќањето на овие инвестиции е значајно, тие понекогаш се трипати повисоки од светските стандарди, додаде Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 09:42