Американскиот потпретседател Мајкл Пенс утре во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и од него ќе бара Турција веднаш да ги прекине воените операции во Сирија и да работи на постигнување договор со преговори, соопшти Белата куќа.

– Потпретседателот Пенс ќе ја повтори одлучноста на претседателот Доналд Трамп дека ќе продолжи со примена на остри економски санкции против Турција се додека не се постигне решение, стои во соопштението.

Турција покрена голема офанзива во североисточниот дел на Сирије против курдските сили кои беа главен сојузник на САД во тоа подрачје во борбата против терористичката група Исламска држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 09:56