Објавен е првиот трејлер за долгонајавуваната вистинска приказна „Bombshell” во кој ќе глумат Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон, како жени кои се во судир со основачот на медиумската куќа „Фокс њуз“.

Филмот на режисерот Џеј Раул го следи падот на основачот и директор на „Фокс њуз“, Роџер Ејлс, кој е обвинет за сексуално злоставување и вознемирување на вработените.

Ѕвездената тројка ќе ги глуми трите новинарки што одлучиле да се спротивстават на својот шеф и на шовинизмот. Кидман е во улога на Гречен Карлсон, Терон ќе ја толкува Мегин Кели, а Марго Роби – Кејл Посписил.

Ејлс поднесе оставка 2016 година, откако на позицијата директор на „Фокс“ беше скоро 20 години.

Премиерата на „Bombshell” ќе се случи на 20 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2019 12:39