Во периодот на промовирањето на долгоочекуваниот филм „Bombshell“, Шарлиз Терон призна дека била многу исплашена од својата улога.
– Бев поср**а од страв. Бев загрижена поради тоа што требаше да толкувам личност која е позната и актуелна, изјави таа по претприемерата на филмот во Менхетн во неделата.
Во биографската драма глумат и Никол Кидман и Марго Роби, како жени кои се во судир со основачот и директор на „Фокс њуз“, Роџер Ејлс, кого го обвинуваат за сексуално злоставување и вознемирување.
Терон ќе ја толкува Мегин Кели, Кидман е во улога на Гречен Карлсон, а Марго Роби – Кејл Посписил. Ејлс ќе го глуми актерот Џон Литгоу.
Ејлс поднесе оставка 2016 година, откако беше директор на „Фокс“ скоро 20 години.
Шарлиз Терон повеќепати портетираше познати личности од американската понова историја, а за улогата на серискиот убиец Ајлин Вурнос во филмот „Чудовиште“, 2003 година доби и оскар за главна женска улога.
Премиерата на „Bombshell” е закажана 20 декември.