Урамнотежената исхрана е клучот на витката линија. Но, понекогаш толку е тешко да се спротивставите на сопствените желби и да им одолеете на превкусните торти, колачиња, чоколади и бомбони. Тоа се случува затоа што можеби вашиот оброк не го задоволил бројот на калории, кои му се потребни на организмот. Во таков случај можат да ви помогнат намирници, кои ќе го задоволат чувството на заситеност, а кои имаат ниска калорична вредност.

1. Јаболка

– Јаболките се овошје кое што е богато со влакна и вода и тие го намалуваат апетитот. Додека пектинот што го содржат спречува покачување на шеќерот во крвта, а со тоа го намалуваат чувството на глад.

2. Зачини

– Зачините односно зачинетата храна создава чувство на заситеност, а со тоа помага и во забрзување на метаболизмот.

3. Супа

– Супата содржи многу вода , а храната која што содржи многу вода лесно го заситува организмот. Одличен пример за тоа се домашните супи што сами си ги подготвувате. Таа го спречува прејадувањето и најдобро е да се јаде пред главниот оброк. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пред главниот оброк јаделе супа не се прејадуваат за разлика од оние кои не јаделе.

4. Топла вода

– Топлата вода ја зголемува заситеноста, така што доста добро е што почесто да пиете чаеви и тие ќе ви ја намалат потребата од калории.

5. Кофеин

– Кофеинот исто така делува како стимуланс на нервниот систем и го намалува апетитот. Истражувањата покажале дека таквото делување е краткорочно иако постојат и показатели дека секојдневното конзумирање на кафето на некој начин ни создава чуство на заситеност.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 03:29