Сексот има многу позитивни страни, вклучувајќи подобро спиење, намалување на стресот, исполнетост, расположеност...

Во продолжение дел од причините поради кои е добро, но и важно да имате успешен и здрав сексуален живот:

1. Од сексот се чувствувате добро

Ако сте запознаени со вашето тело, знаете што ви одговара и сте возбудени за да имате секс со одредено лице, шансите се дека ќе биде многу добро. Така што не постои причина да се одречете од задоволството.

2. Самата помисла на секс е добра за мозокот

Научникот, Џенс Форстер година утврди дека поединци кои на дневна основа размислуваат за секс имаат подобри резултати во решавањето на проблемите кои бараат критичко размислување.

3. Сексот ја намалува болката

Окситоцинот, хормонот на сексот, исто така е природен лек за болка. Сексологот Беверли Випла открива дека после оргазмот, кај жените се зголемува толеранцијата за болка, и за откривање на прагот на болка.

4. Сексот го намалува стресот

Во една студија спроведена од страна на психологот Стјуарт Броди е утврдено дека голем број на луѓе веднаш по сексуалниот однос имаат понизок крвен притисок, особено во случај на стресна ситуација.

5. Сексот ви овозможува да имате посилен имунолошки систем

Една студија спроведена во 2014 година покажа дека поединци кои имаат секс еднаш или двапати неделно имаат повисоки нивоа на имуноглобулини антитела од оние кои ретко го практикуваат. Имуноглобулинот игра важна улога во заштитата на телото од болести.

6. Сексот го подобрува спиењето

Според Лора Берман од Берман Центарот за сексуалното здравје на жените, вели дека ендорфинот кој се ослободува за време на сексот значително ќе го подобри спиењето.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 03:30