Само неколку часа по договорениот прекин на огнот во Газа, од оваа територија повторно беа истрелани ракети врз Израел, заради што се огласија сирените и во некои делови во непосредна близина на Појасот Газа.

Претходно медиумите јавија дека Израел и палестинските екстремисти од „Исламски џихад“ успеале да се договорат за прекин на огнот за да се завршат двоеднвните тешки борби.

Во судирите погинаа најмалку 34 Палестинци, вклучувајќи и три жени и осум деца, а делови од Израел беа комплетно парализирани, пренесуват американските медиуми.

По најновите напади, иако има договор за прекин на огнот, Израел пред еден час се закани дека ќе продолжи со напади врз екстремистите.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека неговата земја има намера да продолжи со политиката на целни напади во Газа.

-Израел ќе му наштети на секој оној што се обидува да му нанесе штета, кажа Кац за радиото.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 12:47